Во периодот декември 2025 година, во општина Градско се реализираа повеќе проектни активности насочени кон унапредување на родовата еднаквост, социјалната заштита и интегрирањето на родовата перспектива во локалните политики, во рамки на проектот „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната реалност“, кој го спроведуваат Сојуз – Национален совет за родова рамноправност (НСРР), Полио Плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), со финансиска поддршка од Делегацијата на Европската Унија.
Овие активности се реализираат во партнерство и тесна соработка со нашето здружение, кое активно учествува во процесите на планирање, спроведување и следење на проектните активности. Преку заедничка работа со Општина Градско и останатите партнери, придонесуваме кон унапредување на родовата еднаквост, инклузијата и создавање на пофер и порамноправни локални политики.
На 11 декември 2025 година, по потпишувањето на Меморандумот за соработка, започнаа првите проектни активности во општина Градско. Беше одржан работен состанок со претставници на општинската администрација, посветен на интегрирањето на родовата перспектива во локалните политики. Преку отворен дијалог, анализа и размена на искуства, се поставија основи за креирање поинклузивни и правични локални услуги и програми. Активностите се насочени кон создавање решенија кои еднакво ги опфаќаат и жените и мажите, со цел обезбедување еднаков пристап до можности, ресурси и придобивки во заедницата.
На 18 декември 2025 година, заедно со претставниците на Општина Градско беа разгледани годишните програми за 2026 година од областа на социјалната заштита и еднаквите можности. Паралелно со ова, преку теренско истражување се согледаа реалните потреби на граѓаните за мерки и програми за поддршка. Фокусот беше ставен на креирање инклузивни решенија кои придонесуваат кон еднаков пристап и еднакви можности за сите членови на заедницата, без разлика на пол.
На 23 декември 2025 година, во општина Градско се одржа работилница посветена на родовата еднаквост и нејзините придобивки на локално ниво. На настанот учествуваа претставнички од Советот на општина Градско, дел од општинската администрација и жителки на општината. Преку отворена дискусија и размена на идеи беа идентификувани конкретни мерки кои придонесуваат кон еднаков пристап до можности и ресурси за жените и мажите, како и кон долгорочни и одржливи промени за целата заедница.
Посебен акцент беше ставен на тоа дека родовата еднаквост не претставува само прашање на правичност, туку и основа за посилни, поинклузивни и поодржливи локални заедници, со подобар квалитет на живот за сите граѓани.
На 2 март 2026, беше објавена анализа: Интегрирање на родовата перспектива во локалните политики на Општина Градско
Целта на анализата е да се утврди моменталната состојба и да се дадат конкретни препораки за креирање поинклузивни, правични и одржливи локални политики, со фокус на унапредување на еднаквоста и инклузивноста во заедницата.
Анализата е достапна на следниот линк: https://drive.google.com/…/1coqIiQpA…/view…
Веруваме дека интегрирањето на родовата перспектива не претставува само законска обврска, туку суштински чекор кон подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани и граѓанки.
Оваа анализа е дел од проектот „Интегрирање на родовата перспектива во локалните политики на Општина Градско“, кој се спроведува во рамките на поширокиот проект „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“, имплементиран од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, Полио Плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи, со поддршка на Европска Унија.















