Повикајте нé

+389 76 250 299

Работно време

Пон. - Петок 8.00 - 16.00

ЗАКАЖИ СРЕДБА

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

(ФОТО) Меѓугенерациска работилница во Прилеп – „Old but Gold“ – кога младоста и искуството се спојуваат

Со многу насмевки, искрени разговори и позитивна енергија, Здружение Центар за развој и едукација Прилеп во соработка со учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, волонтери од тимот Gerio Help, организираше и реализираше инспиративна и едукативна работилница со пензионери од Прилеп и членови на здружението „Преродба“.

Работилницата се одржа во рамки на проектот „Old but Gold“ иницијатива на учениците од СОУ Ѓорче Петров Прилеп, кој има за цел унапредување на квалитетот на живот на повозрасните лица, промоција на здрави животни навики и поттикнување на активно стареење, како и јакнење на меѓугенерациската соработка и солидарност. Преку внимателно осмислени активности, учесниците имаа можност да се запознаат со основните принципи на здравата исхрана, значењето на физичката активност и позитивното влијание на здравиот начин на живот врз целокупното здравје и благосостојба.

Целосната објава можете да ја прочитате на страницата на ОТВ