Повикајте нé

+389 76 250 299

Работно време

Пон. - Петок 8.00 - 16.00

ЗАКАЖИ СРЕДБА

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

Најмладите за Светскиот ден на Социјалната правда – Кривогаштани

Во организацина На Центарот за развој и едукација Прилеп, по повод Светскиот ден на социјалната правда, во Општина Кривогаштани се одржа настан посветен на промоција на вредностите на еднаквост, инклузија и прифаќање на различностите.

Во рамки на одбележувањето беа презентирани литературни творби подготвени од учениците, како и уметнички изрази преку кои младите го претставија своето видување за социјалната правда. Учениците од ООУ „Манчу Матак“ и ООУ „Јонче Смугрески“ преку креативни настапи и пораки покажаа дека разбираат колку е важно општеството да биде праведно и еднакво за сите.

Посебен придонес дадоа и најмладите, децата од Детска градинка „Весело Штркче“, од објектот „Јаготка“, кои на симболичен и искрен начин ја пренесоа пораката за важноста на социјалната правда. Преку нивните настапи, тие потсетија дека почитта, прифаќањето и меѓусебната поддршка се темели на здраво и праведно општество.

Целосната објава можете да ја прочитате на страницата на ОТВ