Повикајте нé

+389 76 250 299

Работно време

Пон. - Петок 8.00 - 16.00

ЗАКАЖИ СРЕДБА

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги

о Прилеп се направи промоција на придобивките на проектот ТРАНСАКТ за давање на Интегрирани социјални услуги и здравствени услуги на семејства од социјален ризик кој од 2024 година се спроведува во општините Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Градско. Проектот за прв пат во Македонија понуди бесплатни услуги од типот на медицинска сестра во домот, бесплатни физотерапевтски услуги, бесплатна психолошка поддршка, поддршка од социјален работник, од специјален рехабилитатор и едукатор, како и логопедските услуги за граѓаните од социјален ризик.

Проектот целосно е финансиран од Австриското министерство за труд, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

„Ова е навистина еден пример за најдобра пракса на кој начин сестрите одат дома кај луѓето, директно во нивниот дом и нудат одлична поддршка и помош која навистина им е потребна“, изјави Харолд Фугер, аташе на Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

„Австрија го има во секој случај водството во партнерството со Македонија, но исто така и во однос на европскиот пат на Македонија“, кажа Матијас Хуменбергер, заменик шеф на мисијата од австриската амбасада во Македонија.

Преку проектот се вработени 15 лица, медицински сестри и физиотерапевти, социјален работник, психолози, специјален рехабилитатор и едукатор.

Целосната објава можете да ја прочитате на страницата на ТВ СИТЕЛ