Повикајте нé

+389 76 250 299

Работно време

Пон. - Петок 8.00 - 16.00

ЗАКАЖИ СРЕДБА

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

Меѓугенерациска средба што ги поврза знаењето, искуството и младоста

Во рамки на активностите на Центарот за стари лица со активно стареење, беше реализирана меѓугенерациска средба со учениците и наставниот кадар од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп. Средбата беше исполнета со дружење, размена на знаења и искуства, интересни активности и нови сознанија за корисниците на Центарот.

Посетата започна во ботаничката градина на училиштето, каде професорката и учениците од фитомедицинската струка ги запознаа гостите со својата практична работа и со знаењата што ги стекнуваат во областа на одгледувањето и грижата за растенијата.

Следуваше посета на хемиската лабораторија, каде учениците од струката хемиско-лабораториски техничар, заедно со своите професорки, подготвија интересна презентација и практично ги претставија дел од активностите што се реализираат во рамки на наставата.

Посебно внимание привлече и посетата на училишната пекара, каде учениците од струката прехранбен техничар ги претставија процесите на подготовка на различни прехранбени производи и својата практична работа, и заедно со корисниците на дневниот центар подготвија пекарски производи.

Меѓугенерациското дружење продолжи и во училишната фарма, каде корисниците имаа можност одблиску да се запознаат со уште еден сегмент од практичната настава и со активностите што ги реализираат учениците.

Средбата покажа дека меѓугенерациското поврзување создава простор за заемно учење, споделување искуства и градење почит и разбирање меѓу различни генерации. За постарите лица ваквите активности претставуваат можност за активно учество во заедницата, дружење и стекнување нови знаења, додека за младите се можност да ги запознаат животните искуства и мудроста на повозрасните генерации.

Меѓугенерациските средби се потсетник дека секоја генерација има што да сподели, а заедничките моменти создаваат вредни врски, нови знаења и убави спомени.

Различни генерации, заеднички вредности – една заедница.