+389 76 250 299
Пон. - Петок 8.00 - 16.00
КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС
Со воспоставувањето на услугата Помош и нега во домот на територијата на општините Долнени, Кривогаштани и Прилеп им е овозможено на старите и изнемоштени лица и лицата со попреченост да ги искористат поволностите кои ги нуди самата услуга за Помош и нега во домот.
Примарната цел на услугата Помош и нега во домот е да овозможи квалитетна, професионална и достапна помош и поддршка од страна на обучени негуватели за корисниците да ја вратат, стекнат или одржат способноста самите да се грижат за себе, за да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.
Со воведувањето на услугата – Помош и нега во домот, се обезбедува помош во вршење основни и инструментални активности кои опфаќаат помош при миење, облекување, исхрана, движење, хранење, медицинска терапија како основни, и помош во чистење и средување на домот, набавки за домот и сл. како инструментални активности) од секојдневниот живот до 80 часа месечно, за лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, со цел да се оспособи корисникот за само-помош, односно да ја врати, стекне или одржи способноста самиот да се грижи за себе, за да продолжи да живее во сопствениот дом и да води независен живот во заедницата.
Услугата Помош и нега во домот е достапна за лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе,
Услугата се обезбедува од страна на 58 обучени и сертифицирани негуватели и/или медицински сестри кои обезбедуваат им обезбедуваат поддршка на корисниците за здраво и пристојно стареење во нивните домови.
Да се обратат кај својот матичен лекар, од каде ќе треба да се подигне пополен образец Индекс Кац.
Да достават барање во Центарот за Социјална Работа Прилеп (барањето е достапно во просториите на Центарот за социјална работа) кон кое ќе ја приложат и целосната медицинска документација
Доколку целокупната документација е во ред, потенцијалните корисници ќе бидат известени за достапните активности на поддршка кои ќе им бидат обезбедени со услугата Помош и нега во домот.