+389 76 250 299
Пон. - Петок 8.00 - 16.00
КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС
Водејќи се од мотото “Нема поголема радост, ниту поголема награда од правење на позитивнa променa во нечиj живот”, Здружението Центар за развој и едукација Прилеп обезбедува информативна, едукативна и советодавна поддршка, како и социјални услуги за лицата во социјален ризик, додека истовремено активно учествува во креирање на локални и национални програми и мерки кои ќе донесат позитивни придобивки за граѓаните.
Здружението Центар за развој и едукација Прилеп насочувајќи се кон обезбедување на социјални услуги за градење на инклузивно и праведно општество преку обезбедување на пристап до можности и услуги за ранливите групи на граѓани и обезбедување на рамноправно вклучување на сите лица во заедницата, спроведува иницијативи во партнерство со локалните општини, јавните институции, бизнис заедницата и граѓанските организации.