Skip to content

Повикајте нé

+389 76 250 299

Работно време

Пон. - Петок 8.00 - 16.00

ЗАКАЖИ СРЕДБА

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

ОГЛАС ЗА СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК /ПСИХОЛОГ/ СПЕЦИЈАЛЕН ЕДУКАТОР

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка за лица/семејства во социјален ризик.
Во рамките на проектот ТРАНСАКТ – Трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности, Здружението започува воспоставување и испорака на нова социо-здравствена услуга Медицинска сестра во заедницата со цел подобрување на здравствениот и социјалниот статус на ранливите групи, особено на оние кои живеат во сиромаштија.
За успешно спроведување на проектните активности и обезбедување на ефективна и ефикасна поддршка за ранливи категории на граѓани, Здружението распишува оглас за 5 социјални работници/психолози/специјални едукатори.

СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК/ ПСИХОЛОГ/ЕДУКАТОР – 5 работни позиции

Опис на работата:
Работно место за социјален работник/психолог/специјален едукатор со полно работно време во канцеларијата на Здружение Центар за развој и едукација во Прилеп но и теренски активности на територијата на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени од 15.03.2025 до 31.12.2025 со можност за продолжување на ангажманот во текот на 2026 година.
Социјалниот работник/психоло/специјален едукатор, ќе им помага на лицата кои имаат потреба (сиромашни луѓе, ранливи групи) да најдат соодветни ресурси за да добијат нега или додаток што им е потребен за да одржат одреден квалитет на живот. Во тесна координација и соработка со проектниот координатор, ќе биде одговорен да ги поддржи и да одговори на сите оперативни и административни работи поврзани со активностите на проектот ТРАНСАКТ.

Поспецифично работните обврски на социјалниот работник/чка/психолог/специјален едукатор се следните должности:

  • Идентификување лица/семејства на кои им е потребна помош.
  • Планирање, координирање и спроведување на услуги за поддршка за да им се помогне на корисниците и нивните семејства да се справат со моменталните предизвици.
  • Одржување континуирана комуникација со корисниците, со цел советување и помош при нивен пристап до соодветни услуги, вклучувајќи медицински услуги, стручна обука, социјални активности и социјална поддршка.
  • Проценување на потребите на корисниците, ситуациите, силните страни и мрежите за поддршка.
  • Подготовка на индивидуален план за корисник на услуга.
  • Застапување за подобрување на благосостојбата на корисниците.
  • Спроведување на политики и процедури.
  • Негување позитивни односи со засегнатите страни.
  • Идентификување на потребите на заедницата на ранливите групи (сиромашни луѓе) и информирање на локалните власти за социјалните проблеми во локалните заедници
  • Директна соработка и координација со стручниот тим.
  • Инклузивност за сите баратели на социо-здравствена услуга, мажи, жени, девојчиња и момчиња, од сите возрасти, националност, потекло и способности во оценувањето, планирањето и спроведувањето на сите заштитни, социјални и здравствени активности.
  • Комуникација и известување на координаторот на проектот за развојот, активностите и потребите на корисниците.
  • Останати обврски според потребите и динамиката на проектните активности.

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование (социјална работа и политика, психологија,специјален едукатор и рехабилитатор
  • Познавања на закони, политики и програми поврзани со социјална заштита
  • Основни познавања на Microsoft Оffice;
  • Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
  • Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
  • Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.
  • Работно искуство и
  • Солидни познавања на англискиот јазик ќе се смета за предност

Поднесување апликации  на cre.prilep@gmail.com „Оглас за социјален работник/психилог/ специјален едукатор“ за проектот “ТРАНСАКТ” и/или во канцеларијата на Здружението во Прилеп од 01ви март 2025 до 10ти март 2025 година.

Кандидатот/ката потребно е да приложи:

  • Биографија на македонски јазик,
  • Писмо за мотивација на македонски јазик,
  • Потврда за завршено високо образование.
  • Препораки од претходните работни места.
  • Во биографијата потребно е да се наведат референци и контакт-податоци од раководните лица од претходните работни места, телефонски број и електронска адреса за контакт.

Здружение Центар за развој и едукација Прилеп гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, или која било друга основа.