Skip to content

Повикајте нé

+389 76 250 299

Работно време

Пон. - Петок 8.00 - 16.00

ЗАКАЖИ СРЕДБА

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

Подобрување на пристапот до примарна медицинска нега за лицата кои се погодени од сиромаштија со фокус на руралните области

Проект ТРАНСАКТ:

Трансформирање на глобалните општествени предизвици во реални локални активности поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

Преку проектот за прв пат во Република Северна Македонија, и во регионот ќе се пилотира услуга – Медицинска сестра во заедницата со цел добрите практики од ЕУ за осигурување на здравствена и социјална заштита на граѓаните, а особено на лицата во социјален ризик да се применат и во оваа држава.

Медицинска сестра во заедницата е социјална услуга што се фокусира на здравјето на населението со акцент на превенцијата и промоцијата на здравјето и адресирање на здравстевни проблеми во заедницата. Тоа е практика на промовирање и заштита на здравјето на поединците и семејствата, како и на групите и заедниците, преку примена на знаењата од медицинската наука, општествените науки и јавното здравје. Овој пристап вклучува застапување за поединци и семејства, групи и заедници и нивните здравствени грижи и проблеми, како и развој и планирање на мрежи во јавниот живот кои се однесуваат на прашањата за пристапот без бариери до нега, здравствени и социјални услуги. Со мултиперспективен пристап кон здравјето, грижата се одвива во заедницата, т.е. ч. во домовите на луѓето.

Цел на проектот:

Подобрување на пристапот до примарна медицинска нега за лицата кои се погодени од сиромаштија со фокус на руралните области

Општи цели на проектот

Специфични проектни цели

Проектот е предводен од три организации од Република Австрија во партнерство со Центарот за развој и едукација како лиценциран давател на социјална услуга на територијата на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

Активностите ќе се спроведуваат во заедничка соработка на општина Прилеп, општина Кривогаштани, општина Долнени, ЈУ МЦСР Прилеп и Градска Болница Прилеп, и општина Градско.

Во рамките на проектот предвидена е набавка на опрема за подобрување на мобилноста кај лица со проблеми со мобилност, набавка на медикаменти за семејства кои живеат во сиромаштија, социјални пакети.

Предвиден е ангажман на  10 медицински сестри, и 5 социјални работници и психолози се со цел да се овозможи пристап до сеопфатна услуга на индивидуи/семејства кои живеат во сиромаштија со фокус на руралните средини.

Запознајте го тимот на ТРАНСАКТ

Тимот на ТРАНСАКТ

НАшИОТ ТИМ

Сара Богданоска

Психолог

Наташа Кузманоска

Психолог

Фросина Козароска

Физиотерапевт

Гордана Желческа

Медицинска сестра

Славица Тошеска

Медицинска сестра

Оливера Русеска

Медицинска сестра