Повикајте нé

+389 76 250 299

Работно време

Пон. - Петок 8.00 - 16.00

ЗАКАЖИ СРЕДБА

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

Обука Физиотерапевт во домот

Обука „Физиотерапевт во домот, со цел поддршка за заздравување, подобрување на мобилноста и општата благосостојба на корисниците на социјални и здравствени услуги во домот“

Во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, Здружението Центар за развој и едукација – Прилепна 2ри јули 2025г. организираше обука под наслов:

„Физиотерапевт во домот, со цел поддршка за заздравување, подобрување на мобилноста и општата благосостојба на корисниците на социјални и здравствени услуги во домот“

Обуката ја водеше физиотерапевтка, дел од проектот „Трансакт“, кој нуди и услуга физиотерапевт во домот.

Учесниците се запознаа со теми поврзани со движењето, функцијата на телото, превенцијата и рехабилитацијата:

🔹 Основи на позиционирање и превенција

🔹 Вежби за одржување на мобилност кај постари лица

🔹 Проценка и планирање на третман

🔹 Техники за подобрување на мобилност и функција

🔹 Работа со специфични групи корисници:

Постоперативна рехабилитација (ортопедски интервенции), Невролошки пациенти, Стари лица и лица со хронични болести,Пациенти во палијативна грижа,

Вежби за сила, флексибилност и рамнотежа, Мануелна терапија во домашни услови.

 Давателите на социјални и здравствени услуги не се само негуватели – туку и поддршка и сигурност на лицата кои имаат најголема потреба.

Затоа, преку обуката од физиотерапевт се придонесува за подобрување на квалитетот на животот на корисниците.

Нашето здружение продолжува да делува преку испорака на квалитетни здравствени и социјални услуги за нашите корисници, но и создаваме тим кој се грижи за себе и своите корисници, а преку тоа придонесуваме и за грижа кон заедницата.