Повикајте нé

+389 76 250 299

Работно време

Пон. - Петок 8.00 - 16.00

ЗАКАЖИ СРЕДБА

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

Доделени сертификати на новите негуватели за грижа на стари и немоќни лица

Грижата за стари и немоќни лица претставува сложен и одговорен процес кој бара стручност, посветеност и длабока емпатија. Препознавајќи ја важноста од професионален пристап, нашето здружение – како лиценциран давател на социјалната услуга Помош и нега во домот – постојано вложува во градење и унапредување на кадарот кој ја обезбедува оваа услуга.

Во таа насока, успешно беше реализирана обука според верификуваната Програма за Негувател/ка за помош и нега на стари и немоќни лица, по што на учесниците им беа доделени сертификати за успешно завршена обука.

Оваа обука е дел од нашите континуирани активности за проширување на тимот со квалификувани професионалци, кои ќе придонесат за обезбедување квалитетна, достоинствена и хумана грижа во домовите на нашите корисници.

Им честитаме на сите нови негуватели за нивната успешност и посветеност, и им посакуваме многу успех во понатамошната работа!