Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка за лица/семејства во социјален ризик. Во рамките на проектот ТРАНСАКТ – Трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности, Здружението започува воспоставување и испорака на нова социо-здравствена услуга Медицинска сестра во заедницата со цел подобрување на здравствениот и социјалниот статус на ранливите групи, особено на оние кои живеат во сиромаштија. За успешно спроведување на проектните активности и обезбедување на ефективна и ефикасна поддршка за ранливи категории на граѓани, Здружението распишува оглас за 7 медицински сестри.
Медицинска сестра– 7 работни позиции
Опис на работата:
Работно место за медицинска сестра со полно работно време во канцеларијата на Здружение Центар за развој и едукација во Прилеп и теренски активности на територијата на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени од 15.03.2025 до 31.12.2025 со можност за продолжување на ангажманот во текот на 2026 година.
Медицинската сестра во заедницата ќе биде одговорна за обезбедување медицинска грижа за ранливите луѓе, промовирање на здравјето на населението и намалување на ефектите од лошото здравје, како и максимизирање на потенцијалот на поединецот за независност.
Тој/таа тесно ќе соработува со Општите ординации, социјалните служби и другите законски услуги за да ги задоволи потребите на локалното население користејќи информации за јавното здравје за поддршка на развојот на услугите.
Главниот фокус ќе биде да се обезбеди услугата да биде со највисок квалитет преку поддршка на Тимот на проектот во спроведувањето и следењето на стратегијата за услугата Медицинска сестра во заедницата.
Поспецифично работните обврски на медицинската сестра се следните:
- Планирање, координирање и спроведување на услуги за поддршка за да им се помогне на корисниците да се справат со моменталните предизвици
- Одржување континуирана комуникација со корисниците, со цел советување и помош при нивен пристап до соодветни услуги, вклучувајќи медицински услуга.
- Проценување на потребите на корисниците, ситуациите, силните страни и мрежите за поддршка.
- Подготовка на индивидуален план за корисник на услуга.
- Застапување за подобрување на благосостојбата на корисниците.
- Спроведување на политики и процедури.
- Негување позитивни односи со засегнатите страни.
- Идентификување на потребите на заедницата на ранливите групи (сиромашни луѓе) и информирање на локалните власти за социјалните и здравствените проблеми во локалните заедници.
- Директна соработка и координација со стручниот тим.
- Инклузивност за сите баратели на социо-здравствена услуга, мажи, жени, девојчиња и момчиња, од сите возрасти, националност, потекло и способности во оценувањето, планирањето и спроведувањето на сите заштитни, социјални и здравствени активности.
- Комуникација и известување на координаторот на проектот за развојот, активностите и потребите на корисниците.
- Останати обврски според потребите и динамиката на проектните активности.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено средно образование – медицинска сестра
- Познавања на закони, политики и програми поврзани со социјална заштита
- Основни познавања на Microsoft Оffice;
- Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
- Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
- Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.
- Работно искуство и
- Солидни познавања на англискиот јазик ќе се смета за предност
- Поднесување апликации на cre.prilep@gmail.com „Оглас за медицинска сестра“ за проектот “ТРАНСАКТ” и/или во канцеларијата на Здружението во Прилеп од 01ви март 2025 до 10ти март 2025 година“.
Кандидатот/ката потребно е да приложи:
- Биографија на македонски јазик,
- Писмо за мотивација на македонски јазик,
- Потврда за завршено образование и
- Препораки од претходните работни места.
- Во биографијата потребно е да се наведат референци и контакт-податоци од раководните лица од претходните работни места, телефонски број и електронска адреса за контакт.
Здружение Центар за развој и едукација Прилеп гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, или која било друга основа.