Skip to content

Call Us

+389 76 250 299

Open Time

Mon - Fri 08:00AM - 04:00PM

Schedule a meeting

CONTACT US TODAY

Работилница “Медицинска сестра во заедница- воспоставување на услуга медицинска сестра во заедница низ размена на знаења и активности”

Во организација на Здружение Центар за развој и едукација Прилеп денес се одржа работилница “Медицинска сестра во заедница- воспоставување на услуга медицинска сестра во заедница низ размена на знаења и активности” прва социјално здравствена услуга од ваков тип во нашата земја!

На настанот се обрати г-дин Харалд Фугер, аташе при Австриското Федерално Министерство, кој истакна дека оваа соработка претставува значаен чекор кон зајакнување на примарната здравствена грижа и е дел од поширока визија за интеграција на здравствени и социјални услуги на регионално ниво.

Присутни беа и претставници од други земји од регионот кои споделија успешни практики:

• Г-ѓа Кристина Шиндлегер – Австриско Социјално Министерство која го презентираше развојот на услугата со воспоставување на правни рпоцедури, стандарди и процедури за кониторинг и евалуација за успешност на услугата

• Г-ѓа Јета Деда – Директор на оператор за здравствeни услуги (HCSO) која го сподели искуството во областа на здравствена заштита во домот од страна на медицински сестри во Република Албанија

• Г-дин Бесим Нури – Генерален директор на Регионалниот здравствен оператор во Тирана,  ги претстави практичните и политичките искуства од проектот „Здравје за сите“. Од презентацијата можевме да увидиме дека Република Албанија и нашата држава се соочуваат со исти предизвици во поглед на обезбедување на социјални и здравствени услуги и потребни ни се регионални соработки за обезбедување на заедничка поддршка во мултиплицирање на добри практики за развој на социо-здравствени услуги.

Целта на услугата Медицинска сестра во заедницата е професионална здравствена и социјална грижа, директно во домовите на оние на кои им е најпотребна – стари лица, хронично болни, лица со намалена подвижност, лица во социјален ризик.

Медицинската сестра во заедницата ќе претставува мост меѓу здравствениот и социјалниот систем, нудејќи индивидуализирана нега, совети, превентивни активности и континуирана поддршка.

Услугата е финансиски поддржана од Австриското Сојузно Министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите во рамките на Проектот ТРАНСАКТ како дел од поширока регионална иницијатива за јакнење на примарната здравствена грижа и интеграција на социјалните и здравствените услуги.