Skip to content

Повикајте нé

+389 76 250 299

Работно време

Пон. - Петок 8.00 - 16.00

ЗАКАЖИ СРЕДБА

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

Информативна и советодавна поддршка

Тимот на Здружението Центар за развој и едукација Прилеп обезбедува информативна и советодавна поддршка во решавањето на социјалните проблеми со коишто се соочуваат граѓаните.

Помагаме во обезбедување на неопходната документација за остварување на права од социјална и детска заштита, пристап до социјални услуги, активација на пазарот на труд, а воедно ги идентификуваме приоритетите во областа на социјалната заштита во локалната заедница застапувајќи и лобирајќи за креирање и донесување на развојни програми и мерки кои ќе одговорат на специфичните потреби на лицата во социјален ризик и ќе дадат придонес во градење на инклузивно и праведно општество.

Дигитална платформа

eHelp.mk

За граѓаните е достапна дигиталната платформа eHelp.mk – дигитален простор  за давање совети и поддршка на мерките за социјална заштита, социјални услуги и вработување за граѓаните на Северна Македонија согласно националното законодавство и политики на земјата. Дигиталната платформа е дизајнирана за лесна пристапност на лицата со попреченост.

Достапна на македонски, албански и англиски јазик, и освен информативната содржина овозможува и комуникација со корисниците.