Денес 2 декември 2025, на инклузивен спортски настан научивме дека инклузијата е многу повеќе од натпревар – таа е предност, обврска и заедничка цел. Заедно со учениците од ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Добре Јованоски“, СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, Дневен центар „Ѕуница“ , Дневниот центар за лица со церебрална парализа Прилеп, и пинг-понг клубот Младост 96, покажавме дека различностите не се пречка, туку богатство што нè поврзува и нè прави посилни.

Спортот е повеќе од натпревар, тоа е платформа за фер плеј, меѓусебна Поддршка, пријателства и почит. Тој не учи дека најголемите победи се постигнуваат кога играме заедно.

Денешниот ден ни донесе најдобар резултат – позитивна енергија, силни аплаузи и огромна радост и најубавата игра на спортот – да играме едни со други, едни до други и едни за други.
Нека секој ден учиме да го споделуваме “теренот” со други без разлика на нивните можности и покажуваме отворено срце, тимски дух и инклузивност.













