+389 76 250 299
Пон. - Петок 8.00 - 16.00
КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС
Програмата за обука опфаќа 4 модули дизајнирани да го оспособат идниот негувател да дава психо-социјална поддршка во институција или во домот, да помага во извршување на основни и инструментални активности кај стари и немоќни лица, како и обезбедување поддршка во зачувување и унапредување на нивното здравје.
Грижата за стари и немоќни лица е сложен и одговорен процес кој бара знаење, посветеност и емпатија. По завршувањето на обуката учесниците ќе се оспособат да ја планираат, организират и реализираат работата за помош и поддршка на стари и немоќни лица и лица со намален функционален капацитет, и преку правилна примена на техники, методи и соодветна употреба на опрема и помагала, тие во улога на негуватели ќе можат да обезбедат грижа која ги задоволува сите физички, емоционални и психолошки потреби на овие лица.