Розов октомври – месец на поддршка, свесност и превенција!
Во рамките на одбележувањето на Розовиот октомври, заедно со Соу Ѓорче Петров Прилеп организиравме настан посветен на подигање на свеста за раното откривање и превенцијата од рак на дојка. Со инспиративни пораки, засадување на хризантеми во розова боја и заедничко дружење, изразивме солидарност со сите жени кои се соочиле или се соочуваат со оваа болест.

Во рамките на активностите за одбележување на Розовиот Октомври во општина Градско се одржа едукативна трибина.
Под симболот на розевата панделка, заедно со над сто жени од општината зборувавме за здравјето на жените, за значењето на информираноста и за конкретните чекори кои можеме да ги преземеме како заедница.

Д-р Родна Јорданова сподели информации за ракот на дојка, превентивата и раната дијагностика, потенцирајќи како жените преку редовни прегледи и превентивни мерки може да го намалат ризикот.
Психологот Сара Богданоска даде осврт на важноста од психолошката поддршка во процесот на превенција и справување со ракот на дојка.
Секоја заедница која зборува отворено за женското здравје е позрела, похумана и посилна.
Да бидеме свесни, да се поддржуваме и да спасуваме животи.











