Официјално доделени сертификатите на учесниците во Програмата за негувател/ка за помош и нега на стари и немоќни лица спроведувана од Здружение Центар за развој и едукација која е веќе верификувана институција за образование за возрасни.
Во рамките на оваа обука учесниците се стекнаа со нови знаења и вештини за пружање нега во домашни услови, поддршка за подообрување на физичката и менталната благосостојба, како и и обезбедување на здраво и пристојно стареење на стари и немоќни лица.
Преку верификувана програма ќе работиме за зголемување на човечките капацитети на лицата во социјален ризик, а воедно и вклучување на долгорочно невработени лица во економија на грижа.