Повикајте нé

+389 76 250 299

Работно време

Пон. - Петок 8.00 - 16.00

ЗАКАЖИ СРЕДБА

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

Воспоставување на социјална услуга Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење

Во соработка со општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени со поддршка на Проектот на Светска Банка за Подобрување на социјалните услуги и Министерство за социјална политика, демографија, и млади.

Во текот на 2025 година се изврши реконструкција и адаптација на простор согласно Правилникот за начинот и обемот на социјланите услуги, нормативите и стандардите за давање на социјални услуги, и е подготвена потребната документација за лиценцирање на социјалната услуга. Воспоставувањето на Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење претставува значајна социјална услуга која придонесува за подобрување на квалитетот на живот на постарите лица во заедницата. Со оглед на зголемувањето на бројот на лица над 65 години и ограничените институционални капацитети за нивна грижа, развојот на услуги во заедницата станува сè поважен за обезбедување достоинствено и активно стареење. После добивање на лиценца, оваа услуга ќе биде достапна за 48 корисници – страи лица кои живеат на територијата на трите општини Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Дневниот центар ќе овозможи простор каде постарите лица ќе можат да учествуваат во различни социјални, едукативни и рекреативни активности, да добијат психосоцијална поддршка, како и да воспостават и одржуваат социјални контакти. На овој начин се намалува социјалната изолација, осаменоста и ризикот од влошување на здравствената и психолошката состојба кај старите лица. Дополнително, ваквиот центар придонесува за промоција на концептот на активно стареење, поттикнувајќи ги постарите лица да останат активни, вклучени и корисни членови на заедницата. Истовремено, услугата претставува поддршка и за семејствата кои се грижат за своите постари членови, олеснувајќи го секојдневното функционирање и подобрувајќи ја социјалната кохезија во локалната заедница.

Состојба Пред:

За време на реновирање:

Состојба потоа: