Skip to content

Повикајте нé

+389 76 250 299

Работно време

Пон. - Петок 8.00 - 16.00

ЗАКАЖИ СРЕДБА

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

“Нема поголема радост, ниту поголема награда од тоа да се направи позитивнa променa во нечиj живот”

Водејќи се од мотото “Нема поголема радост, ниту поголема награда од правење на позитивнa променa во нечиj живот”, Здружението Центар за развој и едукација Прилеп обезбедува информативна, едукативна и советодавна поддршка, како и социјални услуги за лицата во социјален ризик, додека истовремено активно учествува во креирање на локални и национални програми и мерки кои ќе донесат позитивни придобивки за граѓаните.

мисија

Создавање на можности за еднаков пристап до права, еднаков пристап до можности, еднаков пристап до ресурси и еднаков пристап до придобивките од националните и локалните политики за сите граѓани

визија

Локални заедници каде секој еден е важен!

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп насочувајќи се кон обезбедување на социјални услуги за градење на инклузивно и праведно општество преку обезбедување на пристап до можности и услуги за ранливите групи на граѓани и обезбедување на рамноправно вклучување на сите лица во заедницата, спроведува иницијативи во партнерство со локалните општини, јавните институции, бизнис заедницата и граѓанските организации.

активности

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп

АКТИВНОСТИ

E давател на Социјална услуга Помош и нега во домот

Спроведува верификувана програма за образование на возрасни Негувател/ка за помош и нега на стари и немоќни лица

Обезбедува информативна и советодавна поддршка

Обезбедува социо-здравствена услуга Медицинска сестра во заедницата

Спроведува иницијативи за помош на лица во социјален ризик