Нашето здружение потпиша Договор за грант за Проектот “Интегрирање на родовата перспектива во локалните политики на општина Градско” во рамките на грантовата програма од проектот „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“ кој го спроведува Сојуз-Национален совет за родова рамноправност (НСРР), Полио Плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократкси иницијативи (АДИ) со поддршка на Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија.
Започнуваме со активности за трансформирање на националните цели во локални акции овозможувајќи и на општина Градско да ги идентификува различните потреби и приоритети на жените и мажите во нивната заедница и да развие локални политики кои најмногу одговараат на тие потреби.











