Na telefononi

+389 76 250 299

Orari i punës

Hënë – Premte, 08:00 – 16:00

Caktoni një takim

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

Отворен Центарот за дневен престој за стари лица со активно стареење

Како Здружение „Центар за развој и едукација“, со огромна гордост соопштуваме дека социјалната услуга Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење официјално е достапна благодарение на поддршката на Проектот за подобрување на социјалните услуги на Светска Банка и Министерството за социјална политика, демографија и млади, и партнерството со општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени во соработка со Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп.

За нас како здружение, ова е уште еден голем чекор напред во нашата мисија — развој и унапредување на достапни и квалитетни социјални услуги.

Нашата примарна цел беше да создадеме топол и безбеден простор каде што повозрасните лица ќе имаат можност активно да учествуваат во активностите на Центарот., кој ќе овозможи безбедна и пријатна средина каде што повозрасните лица ќе добијат грижа, поддршка и можност за активно учество во секојдневниот живот.

Преку нашиот стручен тим, во центарот ќе обезбедуваме:

  • Социјализација и дружење: Простор за дружење со нови луѓе, споделување искуства, идеи, заеднички излети, посета на настани и места и создавање нови заеднички моменти, како и поттикнување на активно учество во групни активности, зајакнување на меѓусебните врски и намалување на социјалната изолација.
  • Едукативни и креативни активности: Работилници, предавања и содржини насочени кон когнитивна стимулација, како вежби за меморија, концентрација и одржување на менталната функција како и работилници за поттикнување на креативноста
  • Рекреативни активности: Вежби и активности прилагодени за одржување на виталноста, подобрување на физичката подвижност, силата и општата благосостојба на корисниците.
  • Психо-социјална поддршка: Секојдневна грижа и професионално водство за квалитетен и исполнет живот на лица 65+ години во Центар за активно стареење, вклучувајќи емоционална поддршка, советување, помош при справување со секојдневни предизвици, поттикнување на социјална вклученост, намалување на чувство на осаменост, зајакнување на самодовербата и одржување на психичка стабилност и благосостојба.
  • Меѓугенерациски средби и заеднички работилници помеѓу средношколците и корисниците
  • Вежби со физиотерапевт и стручни совети и предавања од медицински лица.

Особено ни е драго што како здружение, преку овој проект, нема да се грижиме само за повозрасните сограѓани од Прилеп, туку обезбедуваме услуги и за жителите од општините Кривогаштани и Долнени.

„Сакаме да докажеме дека активното стареење не претставува тешкотија, туку прекрасна можност за квалитетно поминато време исполнето со активности.“ и како Здружение продолжуваме и понатаму да делуваме во создавање на општетсво каде СЕКОЈ ЕДЕН Е ВАЖЕН!”