Na telefononi

+389 76 250 299

Orari i punës

Hënë – Premte, 08:00 – 16:00

Caktoni një takim

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на понуди за изработка на „Систем за евиденција и следење на посети кај корисници на социјална услуга Помош и нега во домот“

Здружение Центар за развој и едукација Прилеп објавува јавен повик за доставување на понуди за избор на економски оператор / правно или физичко лице за изработка, имплементација и пуштање во употреба на информациски систем за евиденција и следење на посети кај корисници на социјална услуга „Помош и нега во домот“.

1. Предмет на повикот

Предмет на овој повик е ангажирање на изведувач за:

  • анализа, дизајн, развој и имплементација на веб-базиран информациски систем;
  • изработка на административен веб-панел;
  • изработка на мобилно оптимизирана PWA апликација за негуватели;
  • воспоставување систем за GPS евиденција на посети;
  • генерирање извештаи и систем за известување;
  • тестирање, обука и пуштање во продукција.

Системот треба да овозможи централизирано управување и следење на посетите што негувателите ги реализираат кај корисниците на услугата, со можност за евиденција на:

  • време на посета,
  • GPS локација,
  • реализирани услуги,
  • алерти,
  • извештаи,
  • следење на исполнување на индивидуални решенија за корисници.

2. Опфат на работата

Избраниот понудувач ќе треба да обезбеди:

  • Развој на backend API архитектура;
  • Веб-панел за администратори и координатори;
  • PWA / мобилен интерфејс за негуватели;
  • Управување со корисници, негуватели и координатори;
  • Модул за планирање и евиденција на посети;
  • GPS clock-in / clock-out функционалност;
  • Модул за чек-листи и алерти;
  • Генерирање PDF и Excel извештаи;
  • Систем за ревизиски дневник;
  • Повеќејазичен интерфејс (македонски, албански и англиски);
  • Усогласеност со ЗЗЛП и GDPR принципи;
  • Хостирање и техничка документација;
  • Обука на корисници.

3. Потребни квалификации

Право на учество имаат:

  • правни лица,
  • трговци поединци,
  • физички лица со релевантно искуство.

Понудувачите треба да поседуваат:

  • искуство во развој на веб и мобилни системи;
  • искуство со API архитектури и бази на податоци;
  • познавање на безбедносни стандарди и заштита на лични податоци;
  • минимум една реализирана слична ангажираност ќе се смета за предност.

4. Содржина на понудата

Понудата треба да содржи:

  1. Основни информации за понудувачот;
  2. Кратка биографија / профил на компанијата;
  3. Референтна листа на претходно реализирани проекти;
  4. Техничка понуда и предложена методологија;
  5. Временска рамка за реализација;
  6. Финансиска понуда со вклучени сите трошоци;
  7. Контакт лице и контакт информации.

5. Времетраење на ангажманот

Планираниот период за реализација е приближно 40 работни недели од денот на потпишување на договорот.

6. Критериуми за избор

Изборот ќе се врши врз основа на:

  • квалитет на техничката понуда,
  • релевантно искуство,
  • предложена методологија,
  • рок за реализација,
  • финансиска понуда.

Само избраните кандидати може да бидат контактирани за дополнителни информации или интервју.

7. Начин и рок за доставување на понуди

Понудите треба да се достават електронски на e-mail: cre.prilep@gmail.com

Со назнака:

„Понуда за изработка на Систем за евиденција и следење на посети“

Краен рок за доставување на понуди: 31.05. 2026 година до 16:00 часот.

Некомплетните и ненавремено доставените понуди нема да бидат разгледувани.

8. Дополнителни информации

Техничката спецификација на системот може да биде доставена на заинтересираните понудувачи по барање.