По повод 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица, во Центарот за активно стареење го одбележавме овој значаен ден преку заедничка, интерактивна и инспиративна средба со учениците и наставниците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп.




Учениците подготвија посебна активност за членовите на Центарот, внесувајќи многу позитивна енергија, креативност и насмевки. Средбата беше прекрасна можност за меѓугенерациско дружење, споделување искуства, разговор и заедничко учење.
Посебно внимание посветивме и на запознавањето со системот на социјална заштита, правата и услугите достапни за старите лица. Преку отворена и интерактивна дискусија, учесниците имаа можност да поставуваат прашања, да споделуваат свои искуства и да разговараат за можностите за поддршка и достапните услуги во заедницата.
Голема благодарност до учениците и наставниците од СОУ „Ѓорче Петров“ за нивната ангажираност, креативност и убавата активност што ја подготвија за членовите на Центарот.
Меѓугенерациските средби нè потсетуваат дека секој има што да сподели, но и нешто ново да научи од другите. Токму преку ваквите средби градиме заедница во која различните генерации се поврзуваат, се почитуваат и си даваат поддршка. 












