за доставување на понуди за изработка на „Систем за евиденција и следење на посети кај корисници на социјална услуга Помош и нега во домот“
Здружение Центар за развој и едукација Прилеп објавува јавен повик за доставување на понуди за избор на економски оператор / правно или физичко лице за изработка, имплементација и пуштање во употреба на информациски систем за евиденција и следење на посети кај корисници на социјална услуга „Помош и нега во домот“.
1. Предмет на повикот
Предмет на овој повик е ангажирање на изведувач за:
- анализа, дизајн, развој и имплементација на веб-базиран информациски систем;
- изработка на административен веб-панел;
- изработка на мобилно оптимизирана PWA апликација за негуватели;
- воспоставување систем за GPS евиденција на посети;
- генерирање извештаи и систем за известување;
- тестирање, обука и пуштање во продукција.
Системот треба да овозможи централизирано управување и следење на посетите што негувателите ги реализираат кај корисниците на услугата, со можност за евиденција на:
- време на посета,
- GPS локација,
- реализирани услуги,
- алерти,
- извештаи,
- следење на исполнување на индивидуални решенија за корисници.
2. Опфат на работата
Избраниот понудувач ќе треба да обезбеди:
- Развој на backend API архитектура;
- Веб-панел за администратори и координатори;
- PWA / мобилен интерфејс за негуватели;
- Управување со корисници, негуватели и координатори;
- Модул за планирање и евиденција на посети;
- GPS clock-in / clock-out функционалност;
- Модул за чек-листи и алерти;
- Генерирање PDF и Excel извештаи;
- Систем за ревизиски дневник;
- Повеќејазичен интерфејс (македонски, албански и англиски);
- Усогласеност со ЗЗЛП и GDPR принципи;
- Хостирање и техничка документација;
- Обука на корисници.
3. Потребни квалификации
Право на учество имаат:
- правни лица,
- трговци поединци,
- физички лица со релевантно искуство.
Понудувачите треба да поседуваат:
- искуство во развој на веб и мобилни системи;
- искуство со API архитектури и бази на податоци;
- познавање на безбедносни стандарди и заштита на лични податоци;
- минимум една реализирана слична ангажираност ќе се смета за предност.
4. Содржина на понудата
Понудата треба да содржи:
- Основни информации за понудувачот;
- Кратка биографија / профил на компанијата;
- Референтна листа на претходно реализирани проекти;
- Техничка понуда и предложена методологија;
- Временска рамка за реализација;
- Финансиска понуда со вклучени сите трошоци;
- Контакт лице и контакт информации.
5. Времетраење на ангажманот
Планираниот период за реализација е приближно 40 работни недели од денот на потпишување на договорот.
6. Критериуми за избор
Изборот ќе се врши врз основа на:
- квалитет на техничката понуда,
- релевантно искуство,
- предложена методологија,
- рок за реализација,
- финансиска понуда.
Само избраните кандидати може да бидат контактирани за дополнителни информации или интервју.
7. Начин и рок за доставување на понуди
Понудите треба да се достават електронски на e-mail: cre.prilep@gmail.com
Со назнака:
„Понуда за изработка на Систем за евиденција и следење на посети“
Краен рок за доставување на понуди: 31.05. 2026 година до 16:00 часот.
Некомплетните и ненавремено доставените понуди нема да бидат разгледувани.
8. Дополнителни информации
Техничката спецификација на системот може да биде доставена на заинтересираните понудувачи по барање.








