Na telefononi

+389 76 250 299

Orari i punës

Hënë – Premte, 08:00 – 16:00

Caktoni një takim

Na kontaktoni sot

Набавката на современа техничка опрема и SMART табла за гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп

Гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп ја започнува новата учебна година со значајно збогатени можности за наставата по физика, благодарение на набавката на современа техничка опрема и SMART табла.

Со над 40 нови нагледни помагала и инструменти, учениците ќе имаат можност практично да ја истражуваат и подобро да ја разбираат физиката – наука која е основа за многу други дисциплини и модерни технологии. Ваквиот пристап ќе придонесе кон тоа часовите да бидат поквалитетни, поинтерактивни и поблиски до секој ученик.

За професорите, оваа опрема претставува алатка што овозможува поефикасно објаснување на комплексни поими и појави преку практична демонстрација, визуелизација и современи методи на предавање. SMART таблата ќе им помогне да користат дигитални содржини, симулации и експерименти во реално време, со што наставата ќе стане поинтересна и поразбирлива.

За учениците, пак, овие промени значат нов начин на учење – активно вклучување во часовите, експериментирање и самостојно откривање на физичките закони. На овој начин, физиката не е само теоретски предмет, туку предизвикувачко и инспиративно искуство кое ја поттикнува љубопитноста и критичкото размислување.

Иницијативата е реализирана од Центарот за развој и едукација – Прилеп, со финансиска поддршка на Германската амбасада, и претставува инвестиција во иднината на младите генерации. Таа е насочена кон подобрување на условите за учење, промовирање на еднакви можности во образованието и создавање на општество што се темели на модерно, квалитетно и инклузивно образование.

Со вакви иницијативи, гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп се претвора во пример како со соработка и поддршка може да се овозможи образование што ги следи современите трендови и им отвора нови хоризонти на учениците.