Денес, со едукативна трибина го одбележавме 29 септември – Светскиот ден на срцето.
Настанот не потсети на ризик-факторите, современите превентивни пристапи и потребата од унапредување на здравите животни навики во заедницата.

Со своите излагања придонесоа: д-р Аксиња Гарбеска – Кебакоска, специјалист по социјална медицина, ЈЗУ Центар за јавно здравје
д-р Александра Милевска – Благојевска, специјалист по интерна медицина, субспецијалист кардиолог, ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп
м-р Везире Ставрова, нутриционист
Татјана Ѓорѓиоски, дипломирана медицинска сестра
Над 60 учесници се информираа, а воедно и дискутираа за кардиоваскуларните заболувања и важноста од грижа за здравјето, а особено за здравјето на срцето.











