Na telefononi

+389 76 250 299

Orari i punës

Hënë – Premte, 08:00 – 16:00

Caktoni një takim

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

(Фото) Инклузивен спортски настан во Прилеп – Спортот како мост што ги поврзува различностите

Денес во Прилеп во организација на Здружение Центар за развој и едукација и Локалан Акциона Група АГРО ЛИДЕР се одржа инклузивен спортски настан на кој учество земаа ученици од ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Добре Јованоски“, СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, корисници од Дневниот центар „Ѕуница“, Дневниот центар за лица со церебрална парализа Прилеп, како и членови на пинг-понг клубот „Младост 96“. Настанот имаше за цел да ја промовира инклузијата преку спорт и да поттикне поголема свесност за важноста на еднаквото учество на сите деца и млади.

На настанот присуствуваа Претседателката на Советот на општина Прилеп, Директорот на Центарот за социјална работа Прилеп и професионален кадар од основните и средните училишта. Специјални гости беа претставниците на италијанската фондација Centro Sportivo Italiano од Бари, организација со повеќе од 80 години искуство во промоција на спортот како алатка за инклузивност и креирање можности за учество на деца и млади со попреченост во различни спортски дисциплини.

Прочитајте ја целата објава на страницата на ОТВ