Call Us

+389 76 250 299

Open Time

Mon - Fri 08:00AM - 04:00PM

Schedule a meeting

CONTACT US TODAY

Одбележување на Светскиот ден на срцето

Одбележување на Светскиот ден на срцето

Денес, со едукативна трибина го одбележавме 29 септември – Светскиот ден на срцето.

Настанот не потсети на ризик-факторите, современите превентивни пристапи и потребата од унапредување на здравите животни навики во заедницата. 

Со своите излагања придонесоа: д-р Аксиња Гарбеска – Кебакоска, специјалист по социјална медицина, ЈЗУ Центар за јавно здравје

 д-р Александра Милевска – Благојевска, специјалист по интерна медицина, субспецијалист кардиолог, ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп

 м-р Везире Ставрова, нутриционист

 Татјана Ѓорѓиоски, дипломирана медицинска сестра

Над 60 учесници се информираа, а воедно и дискутираа за кардиоваскуларните заболувања и важноста од грижа за здравјето, а особено за здравјето на срцето.

Грижата за срцето започнува со секојдневни здрави избори!