Денес во центарот на градот Прилеп кај Градскиот саат вршевме бесплатно мерење на гликоза во крв и витаминско минерален статус а воедно дававме совети за здрава исхрана.

Ова е една заедничка иницијатива на нашето Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп со здружението Сина Револуција и СОУ “Орде Чопела” -Прилеп со цел заедно да делуваме за подигнување на свеста кај нашите граѓани за зачувување на нивното физичко и ментално здравје.

Над 300 граѓани не посетија денес за да проверат гликемија и витаминско минерален статус, и да добијат совети за зачувување на нивното здравје.
Заедно да покажеме дека превенцијата не е само збор – таа е акција. Секој измерен резултат и секој совет е дел од патот кон поздраво утре.










