Call Us

+389 76 250 299

Open Time

Mon - Fri 08:00AM - 04:00PM

Schedule a meeting

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ ДЕНЕС

Продолжува грижата за граѓаните: Обезбедена услугата „Помош и нега во домот“

На 5 февруари 2026 година беше потпишан управен договор со Министерство за социјална политика, демографија и млади за спроведување на услугата „Помош и нега во домот“ во текот на 2026 година, со што се обезбедува континуитет и унапредување на грижата за ранливите категории граѓани.

Оваа услуга претставува значаен сегмент од социјалната заштита, носејќи конкретни придобивки не само за корисниците, туку и за негувателите и пошироката заедница. Преку обезбедување поддршка во домашни услови, се овозможува подобрување на квалитетот на живот, зачувување на достоинството и зголемување на самостојноста на корисниците.

Со поддршка на Министерството, а во партнерство со општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, како и со ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Прилеп, се продолжува со имплементација на социјални услуги што одговараат на реалните потреби на граѓаните.

Овој договор претставува потврда за заедничката посветеност кон градење на инклузивен и одржлив систем на социјална заштита, во кој грижата за човекот останува врвен приоритет.