По повод Меѓународниот ден на ретките болести 28 ми февруари, последниот ден од најкраткиот месец во годината со вклучување на младите, на учениците, три здруженија Центар за развој и едукација, ЛАГ Агро Лидер и Урбано гнездо со поддршка на Општина Кривогаштани денеска реализираа спортски настан. Со активноста трите организации иницираа поддршка на лицата со ретки болести, солидарност, и подигнување на јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства. На настанот учествуваа учениците од ООУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани и ООУ „Јонче Смугрески“ од с. Обршани. Учениците играа одбојка во пријателска и позитивна атмосфера, покажувајќи тимски дух, солидарност и поддршка.
Целосната објава можете да ја прочитате на страницата на Радио ПЕЛА










